За нас


Оcновачот на Фотo Зрак Василе Десоски е роден во Прилеп 1912 година. На 9 годишна возраст останува без татко, заедно со неговите браќа и сестри. За да барем едно од децата згрижи на некој начин, неговата мајка Анастазија го однела на богословија во Битола каде не го примиле. Барајќи решение неговиот вујко го однел кај тогашниот фотограф во Прилеп Јоска за да чиракува и го изучува фотографскиот занает.
После неколку години во 1935 година го полага мајсторскиот испит, а во 1936 година го отвара својот прв самостоен дуќан под името Фото „Зрак“.
Со својот фотоапарат ги овековекува скоро сите поважни случувања во тоа време меѓу кои и штрајкот на монополските работници во Прилеп во 1936 година.
За време на војната ги овековекувал случувањата во градот, изработил 1000 фотографии од другарот Тито за потребите на отпорот, заради што завршил во логор во Чучулигово заедно со повеќе Прилепчани со напредни идеи.
После војната напредокот на Прилеп останува забележан од неговиот фото објектив. Неговата работа ја наследуваат неговите синови Стеванж и Слободан, а посебно најмалиот Мате кој ја продолжува семејната традиција и ја воведува фотографијата во боја. После годините на оформување на семејството, Мате го наследува синот Александар кој дипломира на Универзитетот за Фотографија во Њујорк - САД и зетот Пеце, кои и понатаму ја развиваат фотографската дејност внесувајќи ги сите новитети.
На среќата на дедото Василе и немаше крај кога и ќерката на Мате, Веселинка, отвори свој сопствен фотографски дуќан Фото „Зрак“ 2 што беше последното нешто што го дочека.
Василе Десоски почина во 85-тата година од животот. Не дочека да го види новото дигитално фото студио кое го опремија неговиот син, внук и зетот. Фотографијата стана неодминлива професија во семејството на Василе Сликарот. Со фотографија се занимаваат и неговиот син Стеван со синовите Василе и Димитар - „Фото Десо“ во Скопје, како и синот Слободан во Прилеп.

Во 2006-тата година славевме седумдесет години постоење на фотографското студио „Зрак“ .

Фото „Зрак“ од 1953 година се наоѓа на истата локација во центарот на Прилеп, во приземјето на семејната куќа, позади автобуската станица.
Powered by www.DigitalCentar.com 2012
free website stats program